Атаман го „пецна“ Никола Јокиќ!

519
Фото: ФИБА

Турската кошаркарска репрезентација ја победи Грција со 94:68 во полуфиналето на Евробаскетот и со тоа завери финале.

Атаман имаше многу пофални зборови за Грците на прес-конференцијата (бидејќи, меѓу другото, тој го предводи грчкиот Панатинаикос). Тој имаше и интересна изјава во врска со српскиот центар Никола Јокиќ.

Тој коментираше за играта на Алперен Шенгун и го нарече најдобар додавач во лигата.

„Промаше неколку шутеви од нискиот пост, но неговиот карактер е таков што постигнува кошеви и дели асистенции. Сака да има трипл-дабл, сака да го користи вишокот и дели додавања. Шенгун е можеби најдобриот додавач во НБА, кога зборуваме за центри. Грците се обидоа да го удвојат, по што тој подели асистенции и играше за тимот“, рече Атаман.

ПретходноПешиќ ги изговори магичните зборови: Време е за нов селектор
СледноВеќе е познат наследникот на Пешиќ на клупата на Србија