По позитивниот настап во Гевгелија и победата над Кожуф во Купот на Македонија, екипата на Шкупи се надева на нов успешен резултат, овојпат против Брера во Струмица.
Џихан Адили, фудбалерот кој постигна гол на претходниот натпревар, верува дека дуелот против Брера е еден од најважните за продолжението на сезоната и потенцира дека за него резултатот на тимот секогаш е поважен од личната статистика.
„Среќен сум што постигнав гол на Куп натпреварот, но за мене најважно е настапот на тимот. Мој приоритет секогаш е да го дадам својот максимум. Го анализиравме противникот, ја познаваме Брера од пријателскиот натпревар што го одигравме пред почетокот на сезоната, но ова е сосема поинаков предизвик, посериозен и поконкурентен. Очекуваме тежок натпревар и знаеме дека мора да го дадеме својот максимум за да оствариме позитивен резултат,“ изјави Адили.