Ливерпул „фото финиш“ победа кај Барнли

31

Голот на Мохамед Салах од пенал, во петтата минута од судиското продолжение, на Ливерпул му донесе победа во мечот на гости кај Барнли попладнево.

Дуелот кој реално требаше да заврши без голови, сепак, на крајот замина во полза на Ливерпул поради досудениот пенал длабоко во судиското продолжение.

Последните десет минути домаќинот ги одигра со играч помалку затоа што исклучување заработи Лесли Угочукву.

Со оваа победа Ливепрул ја продолжи перфектната серија на стартот на шампионатот и од четири меча има 12 бодови. Барнли пак од четири меча има досега три бода.

 

ПретходноПМФЛ полувреме: Кампаоре и донесе водство на Струга ТЛ против Тиквеш
СледноАталанта сигурна против Лече, Удинезе со гостински триумф