Грција е бронзена на ЕВРО баскетот

70
ФОТО: FIBA.COM

Репрезентацијата на Грција е освојувач на бронзениот медал на ЕВРО баскетот кој што се одржува во моментов.

Нашиот јужен сосед во мечот за третото место предмалку ја совлада Финска и на тој начин стигна до медалот, кој што во овој меч реално го заслужи.

Грција ја доби првата четвртина со 24:15, втората со 24:19. Тогаш и ја направи клучната разлика која што Финска ја стопи дури во финишот на дуелот.

Истиот донесе невидена драма, која што беше режирана од двете страни. Од грешките на Грција во одбрана, и од погодените удари на Финска од поле. Во клучните моменти Финска имаше можност да изедначи со три последователни слободни фрлања, но едно од нив беше промашено. Потоа Јанис од слободни фрлања погоди за плус три поени за Грција, и на четири секунди до крајот на мечот тоа беше премногу за финците.

 

ПретходноТетекс со триумф над Слога Виница
СледноВардар без проблем против вториот тим на Пелистер