Алкараз мирува на врвот на светскиот тенис, Ѓоковиќ е во Топ 4

54
Фото: US Open/Twitter

Карлос Алкараз и понатаму е светски број еден со 11.540 поени, додека втор е Италијанецот Јаник Синер со 10.780. Трет е Германецот Александер Зверев со 5.930 поени.

Новак Ѓоковиќ ја задржа четвртата позиција, која ја презеде по УС Опен, и има 4.830 поени.

Петти е Американецот Тејлор Фриц со 4.675 поени, а веднаш зад него е неговиот сонародник Бен Шелтон со 4.280. Седми е Британецот Џек Дрејпер со 3.690, осми Австралијанецот Алекс де Минор со 3.545, деветти Италијанецот Лоренцо Музети со 3.505, а десетти Русинот Карен Хачанов со 3.280 поени.

ПретходноЈокиќ и охриѓанецот Осман во втората идеална петорка на Европското првенство
СледноЌе биде потребно време: Слот го откри својот план за Исак