Јанков: Македонија ЃП има добар тим и допрва ќе го каже своето сезонава

27

Екипата на Македонија Ѓ.П. денеска, во рамките на шестото коло од Прва МФЛ, на домашен терен ја пречекува екипата на АП Брера, дуел во кој „лавовите“ имаат императив од повеќе аспекти.

Македонија Ѓ.П. на стартот од шампионатот не ги освои посакуваните бодови, имајќи и тежок распоред со натпревари против фаворитите. Од друга страна, АП Брера не спаѓа во таа категорија, бидејќи струмичани се мачат и на резултатски и на играчки план. Конечно, домашниот терен во Прва МФЛ отсекогаш бил и ќе биде предност за секоја екипа, во секоја ситуација.

„Првенството е на самиот почеток. Има уште многу за играње. Можеби досега резултатски и не направивме некаков успех до овој момент, но играта и пред се тимскиот дух на екипат оди во нагорна линија од  меч во меч. Имаме еден од полвалитетните ростери во лигата и убеден сум дека допрва доаѓа најдоброто од МЃП сезонава“ – вели голманот на „Лавовите“ Ристе Јанков, па додава.

„Со Вардар одигравме одличен меч. И покрај тоа што игравме против еден од најквалитетните во лигата, ние покажавме дека Македонија ЃП во ниту еден случај не одстапува од своите принципи. Да игра напаѓачки фудбал и пред се модерен. Впрочем, ПМФЛ е затоа доста интересна затоа што реално секој секого може да победи. Фаворити има само на хартија. Брера е квалитетен противник, но ние го имаме истиот пристап на секој натпревар. Уживање во играта, и секако давање максимум за да се победи“ – вели некогашниот У21 репрезентативец на Македонија

ПретходноУтре е ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија!
СледноСе врати Лигата на шампиони: Тридневен спектакл од 2,5 милијарди евра