Некогашната звезда на тимот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата и натаму ќе игра во Австралија. Наместо да оди во пензија, некогашниот репрезентативец на Шпанија, ја продолжува својата богата кариера на далечниот континент.
Конкретно, тој е нов член на тимот на Мелбурн Виктори, откако досега со успех настапуваше во тимот на Сиднеј Вондерерс.
Мата секако дека е голема атракција за фудбалскиот све во Австралија иако длабоко гази во четвртата деценија од животот.