Мурињо ќе биде новиот тренер на Бенфика

39

Жозе Мурињо ја прифатил понудата од лисабонската Бенфика да го преземе тимот. Ова го објави новинарот и инсајдер Бен Џејкобс на социјалната мрежа X. Претходно, се појавија информации дека Бенфика преговара со Мурињо по отказот на Бруно Лаге како главен тренер.

Последната работа на Жозе беше во турскиот клуб Фенербахче. Тој го напушти клубот изненадувачки уште на стартот на новата сезона во Турција.

Претходно, Мурињо работеше со клубови како Реал Мадрид, Челзи, Интер, Тотенхем, Рома и Порто.

ПретходноДестани: Со максимална посветеност можеме да излеземе како победници
СледноТрпението трае уште три натпревари: Аморим добил ултиматум за да си го спаси местото во Манчестер Ј.