РФМ го најави „Трофеј Македонија“ кој се враќа после една деценија!

70

Македонската ракометна федерација денеска на официјална прес-конференција ги претстави сите детали за „Трофеј Македонија“, турнир кој од 18 до 20 септември ќе се одржи во СЦ „Билјанини Извори“.

На стартот Македонија ќе ги одмери силите со Тунис на стартот, а ќе ги одмери силите со Египет и Грција.

Во истиот град ќе започне и ракометниот караван чија цел е да ги доближат младите до спортот, кој е број еден во нашата држава. Промотори на

„После повеќе од една деценија ќе се одржи, а Охрид ќе биде домаќин каде на големо задоволство ќе ни гостуваат реноминирани селекции, Египет и Тунис, како и селекцијата на Грција. Ова е добар настан, кој ќе придонесе во она што сакаме да го изградиме во женскиот ракомет, но како и контрола за селекцијата која ги почнува квалификациите за СП 2026.

Со турнирот ќе стартува и ракометниот караван, кој ќе се одржи во сабота, во салата „Билјанини Извори“, младите деца ќе се запознаат со ракометот како игра, мислам дека е добар старт за поголема афирмација за овој спорт. Во октомври продолжуваме во Битола и Прилеп, каде ќе ги собереме околните градови“, изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

На прес-конференцијата беше присутен и Филип Миркуловски, координаторот на машките селекции.

„Одлична идеја, за првпат се прави ваков караван, целта е да поттикнеме што повеќе деца за да се занимваат со ракомет за да можеме да ги надоградиме останатите генерации“, рече Миркуловски. 

ПретходноЈапонија доаѓа на двомеч со Македонија пред ЕП
СледноДестани: Со максимална посветеност можеме да излеземе како победници