Дербито меѓу Вардар и Охрид се сели во „Борис Трајковски“

111

Ракометарите на Вардар кои веќе засилено се подготвуваат за големото дерби со Охрид во домашниот шампионат, денеска потврдија дека мечот со охриѓани ќе го одиграат во СЦ „Борис Трајковски“.

„Црвено-црните“ принудно мора да се преселат од нивниот дом во СЦ „Јане Сандански“, како што објавија, поради технички проблеми. Средбата ќе се одигра в сабота од 18 часот, а продажбата билетите по цена од 150 денари ќе сартува утре на пладне.

ПретходноТрпението трае уште три натпревари: Аморим добил ултиматум за да си го спаси местото во Манчестер Ј.
СледноКавадарци сака победа: Кога ако не сега