Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ ќе се игра на 28.септември, во СРЦ „Кале“ во Скопје

39

Веќе традиционално, и по петти пат, сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија.

На 28. септември, во СРЦ „Кале“ во Скопје, таа чест ќе ја имаат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона.

Програмата во СРЦ „Кале“ ќе стартува од 17.часот, со натпреварот во женска конкуренција, во кој ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и „предивикувачот“, екипата на Вардар, која е носител на титулата во Купот на Македонија.

Нешто подоцна, од 19.30.часот, исто така со директен пренос на МРТ, во битка за трофејот во ова натпреварување, ќе играат МЗТ Скопје Аеродром, кој ги брани пехарите освоени во ланската сезона, и гевгелиски Кожув, екипата која во минатата натпреварувачка сезона стигна до финалниот натпревар од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

ПретходноДвојки 1/8 финале Куп на Македонија: Вардар против Новаци, Шкендија против Тиквеш
СледноМакедонија У18 денеска против Унгарија на ФФМ