Класика мак дерби во Струга… Трим Лум и Шкендија одиграа 1:1

127

Струга ТЛ и Шкендија остануваат непоразени и по нивната меѓусебна пресметка денеска во Струга. Во интересен натпревар во кој имаше возбудувања главно во второто полувреме, одиграа без победник 1-1. Ова беше првиот меч во кој Струга ТЛ не успева да дојде до трите бода во ова првенство, откако досега имаше пет победи од исто толку натпревари, додека Шкендија дојде до четвртиот триумф во петиот натпревар, со оглед дека шампионот дополнително треба да го одигра одложениот меч против Работнички.

Првото полувреме заврши без голови. Двата тима одиграа мирно, главно на средината на теренот без посериозни закани по головите на Ангелети и на Гаје. Затоа возбудувањата не недостасуваа во второто полувреме, кога се случија сите три гола, а имаше и шанси и на едната и на другата страна, два поништени гола, еден досуден пенал. Тамба во 53. минута по еден убав продор успеа најдобро да се снајде и да погоди во мрежата на Ангелети. Бесарт Ибраими во 65. минута пропушти голема шанса да донесе 2-0. Доби топка од десната страна, и беше сам на 6-7 метри, но шутираше само над голот. Шкендија во 73. минута имаше шанса и преку Латифи, кој биеше под пречката, меѓутоа Ангелети одби во корнер.

И потоа Шкендија како да запре со налетите, а Струга ТЛ ја презеде иницијативата и дојде до израмнување. Се играше 78. минута кога Ибраими играше со рака во шеснаесетникот, по што судијата досуди удар од белата точка. Сигурен реализатор беше Марјан Радески кој шутираше прецизно во долниот десен агол и го израмни резултатот. Веднаш потоа шанса имаше Ибраими, кој шутираше прецизно, Ангелети успеа да одбрани.

Големи возбудувања и во 90. минута кога Малевски успеа да постигне гол, меѓутоа на асистенција на ВАР, истиот беше поништен поради офсајд. Претходно гол му беше поништен и на Ивковиќ, исто така поради офсајд. Возбудувањата продолжија и во последните секунди од мечот, кога Ибраими продре по левата страна, падна на земјата во дуел со голманот Ангелети, а арбитрите сметаа дека нема елементи за најстрога казна. Потоа дојде и последниот свиреж на Бењамин Ќерими за двата тима да поделат по еден бод.

ПретходноТиквеш конечно победи сезонава
СледноПелистер го потпиша младиот Тео Спировски на четири години