Сколс: Одиш во Париз по Донарума, а не да носиш некој си од Белгија!

310

Легендарниот Пол Сколс исто така го критикуваше Манчестер Јунајтед. Овој пат не Рубен Аморим не беше негова мета, туку одлуката на клубот да го доведе анонимниот голман Сен Ламенс.

Како што е познато, Јунајтед го донесе голманот од Ројал Јунион на последниот ден од преодниот рок и плати дури 20.000.000 евра за него.

„Го доведоа тој човек од Белгија кој чинеше 20.000.000 евра. Мислам дека тоа кажува сè за него во овој момент. За мене тоа кажува дека Ламенс не е врвен голман. Во моментот кога Донарума стана достапен, одиш во Париз и го носиш во тимот, му даваш сè што ќе побара“, рече Сколс.

Од друга страна, Сити плати 10.000.000 повеќе и го донесе Џанлуиџи Донарума, кој е еден од најдобрите голмани во светот.

ПретходноТасевски: Наместо да седат дома пред телефон, најмладите треба да видат дека има нешто подобро!
СледноЧудото Пафос, голеада во Прага за реми!