Кантона: ФИФА и УЕФА до каде сме со двојните стандарди? Суспендирајте го Израел!

100

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и некогашен репрезентативе на Франција, Ерик Кантона, апелираше до ФИФА и УЕФА да им забранат на израелските тимови и клубови учество во меѓународни натпреварувања, наведувајќи го примерот со меѓународната забрана за Русија.

„ФИФА и УЕФА ја суспендираа Русија четири дена по почетокот на конфликтот во Украина. Поминаа 716 дена од почетокот на она што Амнести интернешнл го нарече геноцид, а на Израел сè уште му е дозволено да учествува. Зошто двојни стандарди? ФИФА и УЕФА мора да го суспендираат Израел. Клубовите и активните играчи ширум светот мора да одбијат да играат против израелски тимови“, изјавил Кантона на добротворниот настан „Заедно за Палестина“ во Лондон.

Сите руски тимови, вклучувајќи ги и националните тимови, се суспендирани од меѓународни натпреварувања од страна на ФИФА и УЕФА поради ситуацијата во Украина. Израелската репрезентација продолжува да игра на меѓународно ниво, натпреварувајќи се и во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

ПретходноПелистер се исплаши од сензација, ПСЖ со фуриозен финиш до победа!
СледноЛШ: Рашфорд го замолкна „Ст. Џејмс Парк“, Наполи со играч помалку не можеше со Сити (ВИДЕО)