По три последователни победи, Јувентус вечерва мораше да се задоволи само со бод на гостувањето кај незгодната Верона. Иако гостите од Торино отворија добро и со голот на Консеисао по само 20-тина минути обезбедија водство од 1:0, не успеаја да го задржат во првиот дел, откако направија пенал, а домашните дојдоа до шанса за израмнување.
Орбан во 44. минута беше прецизен од белата точка и донесе израмнување за 1:1.
И покрај иницијативата на гостите, Верона не дозволи да прими уште еден гол и успеа да освои голем бод против лидерот во Серија А. За Верона ова беше трето реми од почетокот на сезоната, во која се уште не знае за победа.
Standings provided by Sofascore