Хари Кејн постигнува повеќе од еден гол по натпревар во Бундеслигата.
32-годишниот напаѓач на Англија и Баерн Минхен постигна хет-трик на гостувањето против Хофенхајм денеска во четвртото коло (од Бундеслигата и дојде до бројката од 70 гола на 67 настапи во Бундеслигата.
Интересно е што за Кејн денешниот хет-трик беше дури деветти.
За потсетување, Англичанецот постигна 213 гола на 213 натпревари од Премиер лигата, вклучувајќи осум хет-трика во натпреварувањето.