На стартниот денешен дуел од ПМФЛ програмата во Тетово, домашната Шкендија на полувреме има водство против Тиквеш од минимални 1:0.
Единствениот гол на овој меч засега, го постигна Спахиу, кој што изреагира одлично на асистенцијата од лево на вториот дирек.
Претходно мора да се напомене дека гостите од Кавадарци не само што беа рамноправни туки и имаа две до три изгледни ситуации, преку Тодоров, Стојковски да дојдат до водство. Сепак, домаќинот нивната неефикасност знаеше и тоа како добро да ја казни.