Струга Трим Лум триумфално низ Кратово

129

Во еден од најјинтересните мечеви досега одиграни во овогодинешниот ПМФЛ шампионат, предмалку екипата на Стргуа Трим Лум извојува злато вредна победа во Кратово кај тимот на Силекс со конечни 1:3.

Ова беше дуел во кој публиката на стадионот, но и оние пред тв екраните, видоа три гола но и десетина, ако не и повеќе зицер ситуации пред двата гола. Струга ТЛ за нијанса посконцентрирана, подобра во навалните редови, и конечно попрецизна, па и ги однесе бодовите од Кратово.

А се можеше да биде поинаку, ако уште во втората минута домаќинот погодеше преку Хрванововиќ. Тој наместо во мрежа погоди во гредата, за да на спротивната страна во седмата минута на асистенција на Фал, Компаоре, погодува за 0:1.

Следуваше најубавиот потег на овој меч. Во 33. минута од мечот, Хамза Меметриза погодува од слободен удар со лева нога за 0:2.

До крајот на првиот дел, домаќинот сепак успеа да намали и тоа со голот токму на Хрвановиќ кој биеше прецивно под пречка.

Во вториот дел, Силекс тргна силно да измрамнува и во десетина минути имаше неколку сериозни шанси. Сепак, ефиканоста затаи. На спротивната страна, Бојку го погоди оквирот на голот, Воша имаше зицер, како и стрелецот Кампаоре. Сепак, ниту еден од нив не беше прецизен, туку тоа беше резервистот Зенку. Во судиското продолжение упари страотно силен удар со лева и го постигна еден од најубавите голови во последно време во нашиот шампионат.

ПретходноПобеда остана без тренер, Дунимаглоски си поднесе оставка
СледноБрера со пресврт со втора победа сезонава