„На тенисот му треба наследник на Ѓоковиќ“

50
Фото: Roland-Garros @rolandgarros

Еден од легендарните тенисери, Џими Конорс, нагласи дека е потребен наследник на Новак Ѓоковиќ. Конорс вели дека ситуацијата на врвот на светот е алармантна.

„Интересно е колку се разликуваат двајцата од другите. Карлос Алкараз и Јаник Синер скокнаа толку далеку што ако не се појави некој нов, ќе ги гледаме истите финалиња одново и одново со години. Алкараз – Синер, Алкараз – Синер, Алкараз – Синер. Практично како што беше во последните осум турнири“, изјави Конорс за „Спортскида“.

Последните три финалиња на Гренд слем турнирите ги играа Алкараз и Синер.

„Младите момци ќе мора да го подигнат своето ниво и тоа го кажувам со најголема почит. Во спротивно, ќе го гледаме истото одново и одново.“

Конорс се потсети на ситуацијата кога Ѓоковиќ се појави на тениската сцена.

„Потоа доминираа Роџер Федерер и Рафаел Надал и одеднаш прво се појавија Новак Ѓоковиќ, а потоа и Енди Мареј. Потоа ситуацијата стана многу повозбудлива. Истото важи и сега, Алкараз и Синер имаат потреба од некој друг. Ѓоковиќ е сè уште таму, исто како во времето на Федерер и Надал, но им треба некој помлад.“

Генерацискиот јаз помеѓу „големата тројка“ и Алкараз и Синер.

„Зверев и Циципас, на пример, мора да побрзаат. Времето истекува за нив. Тие ја имаа големата тројка напред, сега ги имаат Алкараз и Синер зад себе и нивната врата за освојување на Гренд слем брзо се затвора.“

ПретходноБалканскиот куп во одбојка презакажан за 6 октомври
СледноЛапорта за бојкотот на Реал на „Златната топка“: Нека научат да губат!