Малку неочекувано, ако се знае каде се беше Жозе Мурињо тренерв во последните години, но сепак тој ја прифари понудата да се врати во Португаллија и да седне на клупата на Бенфика. Клуб кој е гигант во европски рамки, некогашен европски првак.
Инаку тој од Фенер доби отказ, но со голема отпремнина, па математички него повеќе му се исплатеше оваа сезона ништо да не работи за да ги добие тие силни милиони од Турците.
Жозе објасни зошто седнал на клупата на Бенфика:
„Да останев дома до крајот на сезоната, ќе заработував повеќе отколку да работам во Бенфика. Едноставно е тоа. Да останев да уживам во семејството, да живеам во Лондон, да ги доведам тука, да одам во Алгарве и да патувам малку, ќе заработував повеќе. Ако сакате, верувајте ми. Јас сум тука… не е дури ни бесплатно, јас сум во минус. И ме прашувате зошто? Затоа што многу сакам да работам. Ми недостигаше да играм за она за што игра Бенфика. Да играм за титулата. Не можев да го направам тоа во Рома, не можев да го направам тоа ниту во Фенербахче… За мене ова е единствена можност и како тренер и како личност… Да бидам дома не е за мене“, нагласи Мурињо.