Супер – дербито се одигра во Кратово, ама на “Соседското дерби“ бр.80 меѓу Вардар и Работнички на Арената во Скопје и тоа како беше “жешко“.
Вардар победи со 3:1, ја оправда улогата на фаворит, но не му беше баш лесно на составот на Гоце Седлоски. Работнички не само што поведе со 0:1, туку во до таа 15-20 минута беше одличен. Според шансите можеше да биде и 0:2 и 0:3. Сепак во продолжение од средбата Вардар си ја покажа сета своја сила.
Дека беше борбено, дека се водеше голема битка најдобар доказ е овој момент кој го овековечи нашиот фотограф Петр Стојановски кој заслужува честитки.