ВАР потврди: Голот на Шкендија е регуларен (ВИДЕО)

225

Денеска на комплексот Петар Милошевски во Скопје, екипите на Работнички и Шкендија го одиграа заостанатиот свој дуел од ПМФЛ шампионатот.

Мечот заврши со победа на актуелниот бранител на титулата во домашниот шампионат, тимот на Шкендија со минимални 0:1. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Фабрис Тамба во 70. минута од мечот. Акцијата при постигнувањето на голот, беше „скенирана“ од страна на ВАР системот, и паузата траеше неколку минути.

Потоа, како што се гледа и од деталната видео снимка, проценето беше дека голот на Тамба е регуларен и Шкендија заслужено најпрво поведе, а потоа и го доби овој натпревар.

http://youtube.com/watch?feature=shared&v=mji_yREGqo8

ПретходноШкендија и кога не игра победува
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)