Во супер – дербито на 7.коло во Кратово, составот на Струга ТЛ успеа да победи со 1:3 на гости кај Силекс. Блескаше целиот тим, но најмногу младинскиот репрезентативец на Македонија, Меметриза Хамза кој во 34.минута го постигна еден од најубавите голови во изминатиот дел од сезоната и тоа од слободен удар за 0:2. Со тој гол Хамза го „скрши“ Силекс а на Струга ТЛ и беше полесно до крајот да дојде до победата.
Токму затоа според “СпортСпорт“ младиот офанзивец на стружани е играч на колото.
Покрај Хамза во тимот на колото од Струга ТЛ се и голманот Анџелети, дефанзивецот Фал и “бомбардерот“ Компаоре.
Покрај нив тука се Сенгор, Бабунски и Мато (Вардар),Тодоров и Наумчевски (Брера), Спахиу (Шкендија), Хаџиќ (Башкими).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МЕМЕТРИЗА ХАМЗА
Тим: Струга ТЛ
Роден: 09.02.2004
Кариера: Шкендија, Беса, Башкими, Струга ТЛ