Јетон Беќири: “Не кријам дека не сум задоволен од играта на Шкендија“!

110

Попладнево на терените на ФФМ, во заостанатиот меч од 4.коло, Шкендија како гостин славеше против Работнички со 1:0. Сепак не е се така бајковито во редовите на шампионот. Тетовци победуваат, но едвај, со многу мака, без игра.

По средбата стратегот на Шкендија, Јетон Беќири изјави дека е задоволен од победата, но не и од играта на својот тим:

Нормално сум задоволен од резултатот, но не кријам дека сум незадоволен сум од како одигра Шкендија, посебно во првото полувреме. Нема да зборувам за физички замор, ќе зборувам за моменти кога не игравме добро. Немавме максимална посветеност, не игравме добро и за ова разговараме секој ден со играчите, верувам дека е привремено, но се надевам дека во периодот кога не игравме добро ќе продолжиме да победуваме“.

За тоа што треба да се направи за да Шкендија почне да игра како што треба, Беќири изјави:

Мислам дека Шкендија е многу квалитетен тим и никој не треба да се сомнева во ова, ниту ние, ниту раководството, ниту навивачите, бидејќи тимот го покажа ова. Сега, во овие моменти кога не играме како што треба, ни треба што е можно повеќе поддршка за играчите“ истакна покрај другото Беќири.

ПретходноЗенит во финалето на ВТБ Супер-Купот, Димитријевиќ блескаше!
СледноМартин Ѓорѓиевски со гол за Збројовка во Купот на Чешка! (ВИДЕО)