УЕФА го остави Израел да се натпреварува под нејзина капа

117

Со одигрувањето на вчерашниот дуел од Лигата на Европа, прво коло, помеѓу екипите на ПАОК и Макаби Тел Авив и официјално се стави крај на сите шпекулации окколу евентуалната забрана на израелските тимови да бидат дел од УЕФА натпреварувањата, Поточно, непосредно пред одигрувањето на вчерашниот дуел, стигна официјалната одлука од УЕФА со која на Израел како фудбалска нација нема да и биде забрането натпреварувањето на меѓународна сцена. Оваа иницијатива беше пред се покрената од страна на ФС на Катар, кој што е најзасегнат очигледно.

Сепак, медиумите во Израел утринава на големо пишуваат дека притисокот, односно лобирањето од нивна страна вродило со плод и дека и репрезентацијата и клубовите ќе можат мирно да продолжат понатаму.

 

ПретходноМакедонија со втор триумф над Косово
СледноАталанта ќе игра на „New balance“ Арена