Ѕвезда на ПСЖ сака да оди во Реал, парижаните порачаа: Може, но за најмалку 100 милиони евра!

131
Фото: ПСЖ Твитер

Еден од клубовите со најголема куповна моќ во светот е Реал Мадрид, а тие тоа често знаат и да го искористат. Актуелниот тим на „кралскиот клуб“ исто така изгледа исклучително моќно, со многу големи фудбалски имиња во составот.

Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Трент Александер-Арнолд, Родриго се само дел од нив.

Сепак, Реал Мадрид е клуб со огромни амбиции и секогаш сака да оди едно скалило погоре. Зимскиот преоден рок сè уште е далеку, но веќе започнаа шпекулации за можни трансфери.

Сега шпанските медиуми, ја пренесуваат вистинската „бомба“ поврзана со ѕвездата на ПСЖ – Витиња.

Според овој извор, Португалецот е многу заинтересиран Париз да го замени со Мадрид, односно ПСЖ со Реал.

Сепак, пречка за овој трансфер би можела да биде сумата што „светците“ ја бараат за услугите на 25-годишниот играч. „Фичајес“ тврди дека од ПСЖ порачале дека би го пуштиле Витинја, но не за помалку од 100 милиони евра.

Како што веќе напоменавме, Реал Мадрид има голема финансиска моќ, но овој залак може да биде преголем дури и за нив.

Инаку, Витиња стана член на ПСЖ во 2022 година, кога пристигна од редовите на Вулверхемптон.

Минатата сезона Португалецот буквално „експлодираше“ и играше феноменално, со што го освои третото место на листата за добитник на годинашното издание на Златната топка.

ПретходноВо Силекс едногласни: Се надеваме дека од Тетово ќе си одиме непоразени!
СледноДуел на Арената: На Работнички му „гори под нозе“, Брера нема намера да застане