ПМФЛ: Мајсторија на Ибраими, Шкендија го победи Силекс и изби на чело на табелата! (ВИДЕО)

116
ФОТО: KF Shkendija/FB

Во дербито на 8.коло, во меч во кои силите ги одмерија две екипи аспиранти за титулата, Шкендија со 2:0 успеа да го победи Силекс и да избие на чело на табелата. Шампионот има 20 бодови пред Струга ТЛ и Вардар кои имаат по 19, но и меч помалку.

Кога се ќе земе в предвид, Шкендија заслужено победи, беше подобра, знаеше како треба па така со головите на Ибраими, мајсторија, и на Красничи во судиското продолжение дојде до трите бода.

Силекс и дефинитивно е во криза, ова е трет меч во низа на кој четата на стратегот Александар Васоски е поразена.

Убава најава за Шкендија во пресрет на првиот меч од Лигата на Конференции кој се игра кај Рајо Ваљекано во четврток.

Во првиот период од дербито, освен голема борба на теренот и многу тактика, речиси и да не видовме ништо што е за одбележување.

Сепак во самиот финиш Зејнулаи мораше да реагира подобро и со глава да ја зафати таа топка, но не успеа во тоа, па така на пауза се замина со тие 0:0.

Во продолжение од средбата, барем на почетокот од второто полувреме, ништо ново. Сепак во таа 50.минута мајсторија на Бесарт Ибраими и одлеве шут и прекрасен гол за 1:0. Нема што, Бесарт и натаму со оглед на возраста е фудбалски мајстор.

По тој гол кратовци тргнаа на се или ништо, имаа и шанси преку Алиќ и Хрвановиќ, во еден момент Вебстер ја спасуваше Шкендија.

Сепак Шкендија ги контролираше настаните на теренот иако кратовци се обидуваа да дојдат барем до бод. И имаа шанса за тоа во 90.минута, но Гаје спасуваше. Во следната акција Бутуровиќ имаше супер шанса за 1:1, но не успеа.

Казната стигна на другата страна кога Красниќи во 90+2.минута за конечни 2:0 за Шкендија.

ПретходноБорусија (Д) не сака да им ги продолжи договорите на двајцата ветерани
СледноПрва радост за Астон Вила: Момците на Емери подобри од Фулам