Њукасл – Арсенал 1:2 е конечниот епилог од денешното дерби во рамките на 6.коло во Премиерлигата. Големи три бода за тимот на Микел Артета, па сега е само на -2 бода во однос на лидерот Ливерпул.
Драмата почна во14.минута кога домашниот голман Поуп го фаулираше Ѓокереш и судијата покажа на белата точка. Тогаш ВАР го повика судијата да ја види снимката, а овој ја преиначи својата одлука на запрепастување на сите, па и на целиот фудбалски свет.
Проблемите да бидат уште поголеми, Њукасл со гол на Волтемаде поведе со 1:0 во таа 34.минута.
Драмата го доживеа својот врв во финишот. Прво Мерино израмни во 84.минута, за да Габриел во 90+6.минута донесе победа од 1:2.
Да кажеме дека во текот на мечот и едните и другите имаа по неколку шанси за уште по некој гол.