Попладнево под Шара, во дербито на 8.коло, Шкендија со 2:0 успеа да го победи Силекс и со тоа, макар и повремено, да избие на чело на табелата. Шампионот одигра добро, знаеше малку и да заштеди од своите сили ако се знае дека во четврток игра во Лигата на Конференции против Рајо Ваљекано на гости, но овој меч со кратовци мораше да го добие.
Тоа и го стори, а по мечот стратегот на шампионот Јетон Беќири имаше свој коментар:
„2:0 или 1:0, тие едноставно ги носат трите бода во овој момент кога распоредот на натпреварите е напорен. Лично, повеќе уживам кога е 1:0, бидејќи има повеќе адреналин, повеќе ја гледам реакцијата на тимот, и покрај фактот дека денес бевме во опасност на крајот од натпреварот. Генерално, важно е што тимот постепено го враќа својот сјај. Силекс е е добар тим, и покрај тоа што дојде по серија од два порази. Тие имаат тим кој е граден речиси две или три години. А против овие тимови кои се поделени на врвот на табелата важно е да се победува. Ова е добро зошто патуваме во Мадрид кај Рајо со победа зад себе. Но, мора да бидеме реални, мора да бидеме поприземјени, мора правилно да го подготвиме натпреварот со Рајо, мора да го дадеме нашиот максимум, да го почитуваме дресот и мора да ги почитуваме сите оние кои нè поддржуваат“.