Како изгледа табелата во Супер-лигата пред дербито меѓу Вардар 1961 и Пелистер?

257
Фото: Пелистер

Првата дерби пресметка меѓу Вардар 1961 и Пелистер во Супер-лигата е закажана за три дена во СЦ „Јане Сандански“. Овие два тима се сретнаа двапати пред стартот на новата сезона, и двата дуели им припаднаа на битолчани.

Пред стартот на петтото коло, „црвено-црните“ се единствениот тим кој имаат прерфектен скор, четири победи во исто толку одиграни мечеви, и се лидери на табелата со осум бода, еден повеќе од директниот конкурент за титулата.

На другата страна пак Пелистер има три победи и реми. Нерешено одигра против Алкалоид на гостински терен, тогаш буквално се спаси од пораз. Па овој меч ќе биде од големо значење во трката за првото место на табелата во Супер-лигата. Останува да видиме дали актуелниот македонски првак ќе успее да ја прекине серијата на Вардар 1961.

Трет во овој поредок е Алкалоид. Тимот на Кирил Лазаров има две победи и две ремија за вкупно шест бода. Пораз за битолчани и победа на Алкалоид против Прилеп ќе значи искачување на второто место. Со победа пак на Пелистер, младите ракометари од Автокоманда ќе се изедначат со Вардар 1961.

Четвртото место е резервирано за Бутел Скопје кој има шест бода, додека пак ГРК Охрид е петти со пет бода, по што следуваат Пелистер 2, Прилеп и Пролет со по четири бода. Куманово и Тиквеш имаат по два, додека Радовиш и Струга и натаму се без бодови.

Претходно„Не правиме разлика меѓу противниците, секој меч одиме на три бода“
Следно„Седиме и чекаме Манчестер Јунајтед да се распадне, клубот ја изгуби својата душа“