Мусемиќ доби отказ во Сараево, Ристовски и Елези останаа без тренер

68

Хусреф Мусемиќ повеќе не е тренер на тимот на Сараево. Искусниот стратег кој што по шести пати во својата тренерска кариера го водеше овој легендарен клуб си заминува по само неколку месеци од местото, затоа што на истото седна на 10 август.

Сепак, притисокот поради лошите резултати си го направи своето, и тој си заминува.

Ова нас не засега затоа што во моментов во Сараево настапуваат Стефан Ристовски и Агон Елези, а Крске Велкоски е еден од главните оперативци на клубот.

Ќе видиме во следните ден, два за кого управата ќе се одлучи и кој ќе седне на „жешкото“ столче во Сараево.

 

ПретходноНЦАА тројкаш во составот на МЗТ Скопје Аеродром
СледноВаленсија и Овиедо го одложија денешниот меч за утре