Словакот Кружлиак ќе ни суди на Исланд!

86

Словачка “свирка“ ќе имаме во Рејкјавик на Исланд, каде во недела во 18 часот се среќаваме со домашната селекција. Натпреварот е од 5.коло во квалификациите за СП во Катар 2022 година во групата Ј.

Иван Кружлиак ќе ја дели правдата заедно со своите сонародници Бранислав Ханцко, Јан Позор а четврти ќе биде Филип Глова. Кружлиак е еден од најпознатите судии во Словачка, се надеваме на добро судење, се разбира и наша добра игра и победа.

ПретходноНишто од Верона, Рибери се договори со друг тим од Серија А
СледноНедим Мустафица го засили Работнички