Мечот меѓу Валенсија и Овиедо е одложен поради невреме!

38
ФОТО: Valencia FC/FB

И официјално мечот од 7.коло во Ла Лига меѓу Валенсија и Овиедо нема да се игра вечерва од 21 часот на “Местаља“ како што и беше закажан. Имено истиот е одложен, а причината е невремето кое ја зафати градот и околината на Валенсија. Познато е што се се случуваше минатата година ова време, кога овој дел од Шпанија беше зафатен со катастрофални временски услови, големи поплави, имаше и жртви.

Па така одлучено е да не се ризикува со животите на навивачите и истио натпревар да се презакаже за утре од 20 часот.

Овие информации и официјално се потврдени од Ла Лига, од Валенсија и од Овиедо.

ПретходноКК Кожув прашува: Зошто нашите навивачи беа вратени, за кого се игра спортот?
СледноПо инцидентот во Куманово: Малиот Ноар е добро! (ФОТО)