Игор Стојчевски, еден од нашите најдобри судии доби уште една европска средба за делење на правдата и тоа во 1.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции.
Имено тој е одреден за главен судија на мечот во Лигата на Конференции меѓу Јагиелонија (Полска) и Хамрун (Малта) кој се игра в четврток во Бјалсток од 18:45 часот.
На Стојчевски ќе му помагаат Гоце Петрески, Дарко Видиниќ и Фатмир Бафто.
Интересно е тоа дека судењето ќе го контролира Турчинот Џунејт Чакир, кој во свое време беше еден од најдобрите ако не и најдобар судија во Европа.