Барселона следното лето ќе се раздели со Роберт Левандовски, тоа не е изненадување, тоа го знаат фановите а и самиот полски напаѓач кој е на залезот на својата кариера.
Веќе со месеци се говори дека претседателот на каталонската гордост има намера во јуни да го засили тимот со екстра напаѓач, како замена за Левандовски.
И секако, со оглед на тоа дека Барса е гигант, почнаа шпекулациите дека претседателот Хоан Лапорта ги има во план Ерлинг Халанд или Хари Кејн.
Но, грешка. Утринава медиумите во Шпанија, а посебно во Каталонија пренесуваат дека Лапорта и директорот Деко имаат на ум само едно име.
А тоа е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Аргентинецот викендов просто го “распарчи“ Реал Мадрид со хет – трик и беше најзаслужен за победата во градското дерби од 5:2.
Алварез и во минатото се споменуваше како можен кандидат во нападот на Барса, но сега некои работи се појасни. Неговата младост и екстра квалитет ќе биде на рамниште на Јамал, Рафиња, Олмо, Феран Торес, се разбира Рашфорд ако остане, Барџи…