Ромарио: Попрво би играл за Аргентина, отколку да го облечам дресот на Реал

56
фото: République (X)

Некогашната ѕвезда на бразилскиот фудбал, Ромарио вели дека ако морал да избере дали да игра за Аргентина и Реал Мадрид, сигурно ќе замижел пред фактот да го облече дресот на Аргентина.

„Проклето нека е… Тоа се два одлични тима. Ако морам би играл за Аргентина. Јас сум за Барселона до денот кога ќе умрам“, одговори 59-годишниот Ромарио.

Поранешниот напаѓач на репрезентацијата на Бразил, со која стана и светски шампион во 1994 година, играше за Барселона од 1993 до 1995 година, освојувајќи го двапати шпанското првенство  и еднаш шпанскиот Суперкуп со клубот.

ПретходноЛШ: Мбапе „распали“ со хет-трик, Аталанта со пресврт до три бода (ВИДЕО)
СледноГол-машина: Мбапе го израмни рекордот на Бензема, сега ќе ги напаѓа Меси и Роналдо