Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер смета дека менаџерот на „црвените“, Арне Слот, трба да го извади Флоријан Вирц од првиот состав на Ливерпул.
„Не мислам дека тимот има вистинска рамнотежа во моментов. Флоријан Вирц се издвојува во тој поглед. Тој не е баш во форма. Тој е млад човек кој се пресели во нова лига. Сè уште има многу време да се навикне на својата нова улога како играч на Ливерпул. Но сега мислам дека треба да биде отстранет од составот за да може Ливерпул да се врати на она што беше минатата сезона, а потоа да продолжи понатаму, да добие самодоверба, да ја зајакне одбраната. Во моментов во тимот е хаос. Не станува збор дури ни за порази или победи. Ова се случува уште од првиот натпревар“, рече поранешниот дефанзивец на Ливерпул.