Откако влезе во последната година од договорот со Барселона, полскиот голгетер Роберт Левандовски можно е да направи трансфер кон средината на следното лето.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Милан почнал да ја истражува можноста за доведување на искусен централен напаѓач. Нивниот спортски директор, Игле Таре, наводно разговарал со агентот на напаѓачот, Пини Захави, за различни опции за трансфер и го прашал за плановите на Левандовски.
Напаѓачот верува дека може да игра на највисоко ниво и следната сезона, но останува отворен за сите можности. Милан успеа да го доведе Лука Модриќ од Реал Мадрид ова лето, а сега е подготвен да потпише уште една голема ѕвезда.