Петрушев го освои 57. место на Светското првенство во Сиднеј

26
фото: Macedonian Canoe Federation (FB)

Во Сиднеј, Австралија се одржува Светското првенство во кајак слалом, најголемиот и најпрестижен настан за оваа година во овој воден спорт.

На првенството учествуваат најдобрите кајакари од целиот свет, а Македонија на ова СП го имаше како свој преставник велешанецот Ангел Петрушев. Тој настапи во дисциплината K1 (кајак едносед)  и со својот настап го освои 57-то место од вкупно 75 натпреварувачи кои се појавија на стартот, а 74 ја завршија трката.

Ангел Петрушев во квалификациите имаше време од 99.59 секунди или +12.65 од најдоброто време во овие квалификации. Самото учеството на Петрушев е значаен чекор за развојот и промоцијата на кајак слаломот во Македонија.

ПретходноКарагер има предлог за Слот: Извади го Вирц од првиот тим!
СледноМурињо повторно се жали на судењето: Челзи требаше да добие два црвени картони