Ливерпул не се откажува, му понуди нов договор на Конате

46
фото: Liverpool FC (X)

И покрај неубедливите настапи на стартот на оваа сезона, Ливерпул не се откажува од Ибрахима Конате. Според „Л’Екип“, „црвените“ веќе испратиле нова понуда за договор до Ибрахима Конате, чиј договор истекува во летото 2026 година.

Дефанзивецот на Ливерпул има уште една година од договорот и наскоро ќе мора да одлучи за иднината. Долго време, англиските медиуми пишуваа како Ливерпул му понудил продолжување на договорот, но Конате наводно не бил задоволен од условите, поради што преговорите биле ставени во мирување.

Во меѓувреме, Реал Мадрид треба да биде подготвен да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го донесе Французинот како слободен играч идното лето.

Разговорите меѓу Ливерпул и агентот на Конате сега се продолжени и се очекува одлуката на фудбалерот.

ПретходноРаботнички ја брани честа против Шелбурн
СледноАлисон нема да може против Челзи