Во рамките од новото коло од ракометната Суперлига на Македонија денеска во 19:00 часот во СРЦ Јане Сандански се игра големото македонско дерби помеѓу Вардар и Е.Пелистер.
Домаќинот, а и гостинот одамна го чекаат овој дуел, за повторно да ги одмерат силите и да испишат уште една страница во оваа нивна приказна.
РК Вардар предмалку сподели промо видео во кое потврди дека се е подготвено за вечерашното големо дерби, и дека денеска очекува полна сала. Организаторот потврди дека билетарата е веќе отворена.