Македонскиот младински шампион, тимот на Работнички, денеска од 16:00 на комплексот Петар Милошевски во Скопје ќе го одигра реванш дуелот од квалификациите за младинската Лига на Шампиони против тимот на Шелбурн од Ирска.
Првиот дуел како што е добро познато, заврши со високи и убедливи 5:0 за ирците, па реваншот денеска е чиста формалност.
Секако, никој не сака да биде така, посакуваме Работнички да направи сензација, но реално, тоа ќе биде ѓаволски тешко.