Дури сега се гледа до каде е нашиот младински фудбал. Имено нашиот претставник во квалификациите во младинската Лига на Шампиони, тимот на Работнички е елиминиран од младинската екипа на Шелбурн, од Р. Ирска, со вкупни 1:12.
Неверојатно, ама вистинито. И говориме за тим од Р. Ирска. Што ли ќе беше ако Работнички имаше за ривал тим од некоја друга пофудбалска земја.
На првиот меч во Р. Ирска тогаш Шелбурн славеше со 5:0, а попладнево на теренот на ФФМ резултатот беше 1:7.
Навистина несфатливо.
Гостите од Ирска поведоа уште во 6.минута со голот на Сами. Во 39.минута истиот играч носи водство од 0:2. До крајот на полувремето Работнички прелку Бошњаков намали на 1:2.
И кога се чинеше дека работите како да тргнаа, младите фудбалери на Шелбурн преку двата гола на Бејли, на Вуна, Мекарти и уште еден на Сами, не знаеја за доста.
На крајот резултатот беше 1:7 или вкупно 1:12.
Зарем треба некој коментар?