Барселона ова лето остана без своите две големи ѕвезди, Лео Меси и Антоан Гризман. Првиот се пресели во ПСЖ, а вториот се врати во Атлетико Мадрид. Се разбира дека тоа е голем проблем за каталонците, но тие имаат уште еден проблем. Имено не знаат што да прават со нивните дресови кои во фан-шоповите ги има наголемо.
Па така, раководството на Барса одлучило тие да се продаваат и натаму, но по половина цена.
И одново нема којзнае каква заинтересираност.
Па кој ќе ја купи “десетката“ на Меси на дресот на Барселона?