Попладнево околу 17 часот експедицијата на нашата најдобра фудбалска репрезентација со чартер авион полета кон Рејкјавик, каде што во недела ја очекува тежок натпревар со домашната селекција на Исланд. Додека членовите на експедицијата се “чекираа“, на скопскиот аеродром пристигна младата репрезентација на Македонија, која вчера во Ле Ман загуби во квалификациите од Франција.
Селекторите на А- тимот Благоја Милевски, и на У-21 Драган Канатларовски, имаа само неколку минути да продискутираат за тоа како одиграа нивните избраници.
Интересно фото во секој случај направено попладнево на скопскиот аеродром.