Кој вложува, кој знае како се работи, тој и успева. Па така по Вардар, ете конечно дочекавме и Шкендија да настапи во групната или лигашка фаза во едно европско натпреварување.
Вардар во 2017 година играше во групната фаза во Лигата на Европа против Сосиедад, Зенит и Розенборг, со тоа и испиша историја како прв клуб од Македонија кој стигнал до таков успех. По цели осум години конечно Македонија доби уште еден претставник, а тоа е Шкендија која ќе игра во групната или лигашка фаза во Лигата на Конференции и тоа со Рајо Ва љекано, Шелбурн, Јагелонија, Дрита, Слован Братислава и АЕК Ларнака и по еден меч.
Да се знае кој е кој. Само Вардар и Шкендија.
За ваков успех имаа шанси Работнички во три наврати, но не можеше да го мине плеј – офот, а и Струга ТЛ кога беше елиминирана во плеј – офот во Лигата на Конференции од Бреидаблик.