После петтото коло во Супер-лигата дојде до промени на табелата. На врвот остана Вардар 1961 со пет победи во толку одиграни натпревари, откако го победи Пелистер во вечното дерби со 31-28. „Црвено-црните“ имаат максимални 10 бода.
Од денеска второто место му припаѓа на Алкалоид, кој има скор од три победи и две ремија, односно 8 бода. Исто толку бодови има Бутел Скопје, кој има четири победи и еден пораз.
Изненадувачки, Пелистер е на четвртото место со седум бода и скор од три победи, реми и пораз. Исто толку бодови има и ГРК Охрид. Токму овие два тима ќе одлучат кој ќе остане на четвртото место, а кој на петтото, секако доколку нема изненадувања на останатите мечеви. Пелистер е домаќин на ГРК Охрид, пораз ќе значи нов удар за првакот…Секако ова нема да се одрази на плеј-офот, но битолчани одамна не се нашле во ваква позиција.
Но, тоа не треба да се случи бидејќи Алкалоид е гостин на Куманово, додека пак Вардар 1961 оди во Радовиш. Со победи на овие средби скопските тимови ќе останат на истите позиции.