Стартното коло во Лигата на Конференции каде што дебитираше и нашиот шампион, Шкендија, донесе неколку интересни и неочекувани резултати и изведби на екипите.
Екипата на Дрита од Косово, каде што е тренер нашиот Зекирија Рамадан, а каде што настапуваат Егзон Бејтулаи, и Блертон Шеји одигра 1:1 на гостувањето кај тимот на Купс од Финска.Секако за нашите интернационалци ова е одличен резултат и стимул за понатамошни добри игри.
Од друга страна пак, екипата на Лех на свој терен му одржа лекција на Рапид Виена со 4:1, а тимот кој што го елиминираше Вардар летово, Лозана пред своите гледачи победи со 3:0 против тимот на Бреидаблик.
Лига на Конференции:
Динамо Киев – Кристал Палас 0:2
Јагиелониа – Хамрун 1:0
Купс – Дрита 1:1
Лозана – Бреидаблик 3:0
Лех – Рапид 4:1
Ноа – Ријека 1:0
Омониа – Маинц 0:1
Зрињски – Линколн 5:0