Во првиот меч од 6.коло во ракометната Суперлига, Прилеп како домаќин успеа убедливо да ја победи Струга со 34:27 и со тоа да дојде до третата победа во досегашниот дел од сезоната.
Ракометарите на Прилеп во првиот дел просто доминираа на теренот, освен во првите минути од мечот кога гостите имаа предност. Беше 6:8, па 8:8, па за да потоа разликата за Прилеп постојано растеше а напауза се замина со +7 или 18:11.
Во продолжение од средбата гостите од Струга се обидоа барем да ја намалат разликата, а во тоа им помогна и домашниот состав која како да “дигна рачна“ што се вели, па второто полувреме заврши со 16:16 па така на крајот резултатот гласеше 34:27.
По овој меч Прилеп на табелата сега има 6 бода и се наоаѓа на шеѕтата позиција, додека Струга и натаму остана само со една победа.