Ливерпул загуби од Челси, го загуби и првото место на табелата во ПЛ!

46
ФОТО: Chelsea Football Club/FB

Ливерпул и дефинитивно е во криза. И не само поради вечерашниот пораз со 2:1 кај Челси, туку и поради играта и на овој а и на последните мечеви. Тимот на Арне Слот не е таа моќна “машина“ како до пред некоја недела или во текот на минатата сезона. Некаде чкрипи, а тоа го користи Арсенал кој сега е лидер на табелата со два бода повеќе од Ливерпул.

Ова е трет пораз во серијза “Редси“, нешто што не им се случило цели три години.

Каиседо во 14.минута донесе водство за “сините“, за да Гакпо во 63.минута израмни на 1:1.

Се играше 90+6.минута и се чинеше дека ова големо дерби ќе заврши без победник, но така не мислеше Естевао кој со убав гол му донесе голема победа на Челси.

ПретходноКавадарчани со победа ја започнаa новата сезона!
СледноБаерн без проблеми кај Франкфурт за “шест од шест“!